Детски соби

Детски соби по мерка

Простор каде растат спомени

Детската соба е многу повеќе од обична просторија таа е магичен простор каде се раѓаат соништата и растат најубавите спомени. Ние дизајнираме детски соби кои се максимално практични безбедни и целосно прилагодени на секоја детска возраст.

При изработката посветуваме огромно внимание на функционалноста бидејќи децата имаат потреба од многу простор за играње и учење. Затоа паметно ги комбинираме сите елементи како удобни кревети пространи плакари работни бироа и многу практични отворени полици.

Сигурноста на вашите најмили е секогаш наш врвен приоритет при секој нов проект. Користиме само најквалитетни и безбедни материјали внимателно заоблени ивици и најцврсти механизми за мебелот да може сигурно да се користи со многу години.

Изборот на бои и разиграни дезени е неограничен оставајќи ви целосна слобода да креирате вистинско мало царство кое совршено ќе го отсликува веселиот детски карактер.

Нашиот стручен тим е тука да ви помогне околу секоја идеја преку бесплатен совет и детален план. Инвестирајте во паметни решенија и квалитетен плочест мебел кој многу лесно се одржува и кои успешно ќе го следи растот на детето низ сите животни фази.

Powered by CouchCMS