Наши Производи
Изработуваме кујни по мерка, со меко затварање, со рачки или пак без, целосно прилагодени на просторот и навиките на клиентот.
Повеќе
Детските соби се практични, безбедни и прилагодени на возраста на детето. Комбинираме кревети, плакари, бироа и полици мебел што се користи со години.
ПовеќеНашите плакари по мерка се дизајнирани така што секој сантиметар е паметно искористен, со внатрешен распоред кој одговара на Вашите потреби.
Повеќе
Простор за релаксација и повеќе часовно уживање. Дневните соби ги изработуваме според Вашиот дизајн или во соработка со дизајнер/архитек
ПовеќеMебел за канцеларии, хотели, ресторани и други простории, прилагодени на просторот и функционалноста, без да се наруши естетскиот впечаток.
Повеќе
Kревети по мерка според Вашите димензии и желби. Модерни, едноставни или со дополнителен простор за складирање секое решение е функционално и издржливо.
Повеќе
За нас
DCraft е компанија специјализирана за професионална изработка на плочест мебел по мерка, посветена на создавање функционални и естетски беспрекорни простори. Нашето широко портфолио опфаќа модерни кујни, удобни дневни и детски соби, практични плакари, канцелариски мебел, кревети, како и елегантен мебел за бањи.
Секој проект на кој работиме се одликува со максимално внимание кон најситните детали и врвен квалитет на изработка. Нашата цел е да создадеме мебел кој не само што изгледа одлично, туку е издржлив и ќе се користи со години.
Флексибилни сме во процесот на работа и можеме да реализираме проекти според ваш веќе изработен дизајн или нацртна скица. Но, доколку немате готов дизајн, вие сте без грижи. Ние тесно соработуваме со искусни дизајнери и архитекти кои со задоволство ќе го изработат идеалното решение специјално за вашиот простор.
Дозволете ни да го претвориме секое празно катче во ваше омилено место за уживање.
Дознај повеќеПроекти
Препораки
„Изработија прекрасни вградени плакари и мебел за детската соба. Ме изненади нивната прецизност и квалитет. Мебелот е цврст и функционален. Искрена препорака за вистински мајстори!“
„Тимот на D Craft ја реализираше нашата идеја за кујна до најмал детаљ. Од нацрт до монтажа, сè беше професионално. Врвен квалитет и перфектно искористен простор. Презадоволни сме!“
„Баравме модерно решение за дневната соба и добивме одличен мебел по мерка, плус корисни совети. Резултатот е прекрасен амбиент во кој уживаме. Одлична услуга и квалитет!“